Нечисти оџаци причина за пожар

Објавено на 25 јануари, 2016 во 14:53

Грејната сезона сеуште е во полн ек, а со тоа и потребата од одржување на оџаците. Викендов се запалиле пет оџаци токму поради ненавремено одржување, информираа денеска од територијалната противпожарна единица Кавадарци. Избегната е поголема штета бидејќи во сите случаи пожарникарите интервенирале на време.

„Поради зголемениот број на пожари во градот и републиката се апелира до сите граѓани кои живеат во куќи, а се затоплуваат со тврдо гориво редовно да ги чистат оџаците и да  проверуваат дали е правилна нивната изведба.Посебно внимание да се посвети во куќите кои имаат т.н кара таван, од каде треба да се отстранат сите препреки до баџата за да се има непречен пристап до поткровјето. Исто така кај постарите објекти да се проверува електричната инсталација“ велат од противпожарната единица.

Пожарникарите апелираат и до граѓаните кои живеат во згради, а се затоплуваат со тврдо гориво и користат оџаци, редодно да ги чистат, правилно да се приклучуваат во оџаците, а не да ги користат отворите за вентилација како оџак, бидејќи со таквите примери можат да ги задушат со чад соседите./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.