Се реконструира црквата Свети Димитрија
Храмот посветен на Свети Великомаченик Димитрија во Кавадарци ќе биде целосно реновиран. Започнати се градежните активности за обнова на храмот. Црквата е целосно подготвена за малтерисување, темелите се обновени, а ќе се изведуваат и други градежни работи, храмот да добие и нов изглед.
Митрополитот на Повардарската Епархија, г.Агатангел денеска беше во посета на црквата. Рече духовниот живот во оваа црква продолжува и понатаму.
„Сите кои имаат духодна потреба мкожат да дојдат да се помолат во црквата, да дојдат на утрена и вечерна литургија, на празници да си запалат свеќа. Сите работи функционираат во крштелната, само не се извршуваат венчавки. Исто така целосно во функција е и кујната каде можат да се делат закуски за парастаси“ рече г.Агатангел.
Се чекало да се заврши целосната изградба на црквата Света Петка за да се отпочне со реконструкција на храмот Свети Димитрија кој е изграден во 1830 година.
„Оваа црква е градена во тешко време, кога нашиот народ беше под ропство, но со дозвола од султанот. Црквата се наоѓа како во дупка, бидејќи во тоа време на христијаните не им дозволувале повисоки верски објекти“ рече Владиката Агатангел.
Првичните планови се обновата да заврши за две години. Градежните работи за малтерисување, покрив и фасада ќе се завршат побрзо, додека повеќе време ќе биде потребно за иконостасот и фрескоживописот.
Митрополитот Агатангел ги повика граѓаните да се приклучат со сввои донации во обновата на црквата.
„Тие што пијат, нека се откажат од едно пиво и нека го донираат за обнова на црквата. Тие што пушат нека се откажат од една кутија цигари и нека ги донираат парите за црквата. Секој кој може нека издвои од семејниот буџет да ја помогне обновата на црквата во Кавадарци и да направиме многу поубава црква“ рече Митрочполитот на Повардарската Епархија.
Aнгел Данов