Дечињата продаваа рачно изработени честитки за да им помогнат на сиромашните
Објавено на 23 декември, 2013 во 15:16
Најмладите од детската градинка во Кавадарци денеска реализираа хуманитарна акција под мотото „Од децата за децата“
Тие продаваа рачно изработени новогодишни честитки. Со овој гест тие одлично се снајдоа во улога на продавачи но и на хуманитарци. Собраните средства од продажбата на честитките ќе бидат наменети за другарчињата од ранливите категории.
„Хуманитарната активност беше подржана и од родителите. Ова е само дел од низата предновогодишни активности на детската градинка. Традиција на градинката е радоста на најмладите секогаш во декември да биде збогатена со приказните на Дедо Мраз“ рече Верица Стафилова, раководител на објектот “Изворче“ што работи во склоп на детската градинка „Рада Поцева“