Мизо: „Странските инвестиции се дисперзираат низ цела држава“
“Странските директни инвестиции се од големо значење за македонската екомномија. Тие се дисперзираат низ цела држава, не се само во Скопје, со цел да се развиваат сите региони и да ги осетат благодетите од нив сите граѓани. Директни странски инвестиции досега се реализираа во Битола , Кавадарци и други градови“ ова меѓу другото го рече на синоќешната трибина пред кавадарчани директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Виктор Мизо.
Тој нагласи дека странските директни инвестиции се двигател на македонската економија.
На трибината беше речено дека земјава се наоѓа на 37 место во светот по погодност за инвестирање, а тоа било и главната причина што се поголем број компании од светот пројавуваат интерес за инвестирање и дека се зголемува бројот на странски компании кои започнаа да работат во земјава. Беше посочен примерот со Дрекслмаер, компанија која прими околу 2000 работници, а е најавено дека во наредниот период ќе бидат примени уште толку работници, со што директно влијае на намалувањето на бројот на невработени во вардарскиот регион, бидејќи во фабриката покрај кавадарчани се вработуваат и лица од соседните општини.