Новогодишна акција на Дедо Мраз и Кожувчанка
Кожувчанка и Дедо Мраз започнаа заедничка турнеја која ќе трае до 6-ти јануари. Ќе поминат низ цела Македонија.
“ Кој знае и има подароци ќе прима “ е името на новогодишната акција која Кожувчанка ја спроведува кон крајот на секоја година, со времетраење се до правата недела од новата и доделува многу подароци.
Затоа бидете подготвени, единственото што треба да направите е да го пречекате Дедо Мраз и одговорите на неговото прашање“ Кои се производите на Кожувчанка?“.
„Веруваме дека сите од Вас го знаат одговорот на прашањето и за време на Новогодишните и Божиќните празници ќе се освежувате со газираните сокови на Sinalco, негазиранитеSinetta, природно минералната вода Изворска и газираната Кожувчанка.За некои од Вас 2013-та ќе заврши среќно, додека 2014-та ќе започне со истата.“ се вели во соопштението од компанијата.