Синоќа полициска акција низ кавадаречките локали
Објавено на 18 јануари, 2014 во 15:50
Синоќа кавадаречката полиција спровела поголема акција низ угостителските објекти во градот и притоа констатирани се одредени неправилности и непочитување на законската регулатива.
Во угостителски објект во центарот на градот полицијата фатила група комарџии кои се коцкале. Исто така во неколку локали биле констатирани неправилности како, непочитување на работното време, присуство на малолетници по дозволеното време за нив и точење алкохол на малолетни лица.
„По документирањето на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци “ рече портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска.