Несреќа во „Фени“, загина работник!
Објавено на 19 јануари, 2014 во 11:49
Педесет и девет годишниот Д.П од Росоман синоќа загинал во кругот на „Фени индустри“.
Него го прегазила товарна машина која се движела на назад, додека тој и приоѓал од задната страна.Машината ја управувал 42 годишниот М.Д од Кавадарци. Несреќата се случила околу 23 часот.
На местото на несреќниот настан увид извршиле инспектори за труд и заштита при работа, полисиска екипа и јавен обвинител. По наредба телото на починатиот е предадено на семејството.