Расте бројот на заболени од грип
Во Кавадарци последната недела во Центарот за јавно здравје се евидентирани нови дваесетина забоилени од грип. Со тоа вкупниот број на грипозни лица се искачи на стотина заболени од грип од почетокот на сезоната до сега.
„Бројот постепено се зголемува. Нема ништо алармантно. Состојбата е слична со минатата година“ рече д-р Ристе Јовановски, епидемиолог од кавадаречкиот центар за јавно здравје.
Лекарите советуваат здравите да не се мешаат со заболените од грип, да внимаваат на хигиената, особено на редовното миење на рацете. Исто така во овој период кога владее грипот треба да се посвети внимание и на исхраната.
За разлика од Кавадарци, во Неготино последната недела се евидентирани првите шест лица оваа сезона кај кои се дијагностицирани симптоми на грип.