Презентација: „Успешно наследување на семејни бизниси“
За успешно наследување на семејните бизниси се едуцираа кавадарчани. Се одржа интерактивна презентација на оваа тема, а говореа професорот Мајкл Граеф од Вормс Универзитетот во Германија и проф. Д-р Јака Вадњал, долгогодишен истражувач на пракси во семејни бизниси од ГЕА Колец –Словенија.
Оваа презентација е дел од активностите на општинскиот сектор за развој а има за цел да ги стимулира семејните бизниси преку различни облици на подршка, имајќи во предвид дека македонската економија гледа голем потенцијал во основање и продолжување на веќе отпочнатите семејни бизниси со оглед на демографијата на малите и средни претпријатија.
„Од осамостојувањето во Македонија се бележи зголемен пораст на засновање на семејни бизниси, а главниот предизвик е нивното успешно наследување односно предавање следната генерација бизнисмени во потесното или поширокото семејство. Ова е еден од низата напори на општина Кавадарци, да се даде подршка на продолжувањето на семејните бизниси на долг рок и да се помогне на истите полесно да се справат со предизвиците и бариерите кои се најчесто во такво опкружување“ рекоа од Секторот за развој на општина Кавадарци.