Поповски: „Активните мерки даваат резултати при вработувањето“
Активните мерки и политики кои ги спроведува Владата и Агенцијата за вработување даваат резултати, оцени денеска во Кавадарци, првиот човек на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски.
Тој уште еднаш ги претстави сите нови мерки кои им се на располагање на работодавачите и невработените лица. Досега со помош на овие мерки во земјава се вработени 30 илјади лица.
-Досега се вработени околу 4 илјади луѓе кои останаа на работа и околу 15 проценти кои ги затворија своите бизниси поради одење во пензија. Годинава на ваков начин планираме да се вработат околу 900 луѓе. Тука ни е и мерката субвенционирано вработување.Самовработувањето со грант е најуспешна мерка за вработување од низата активни мерки кои ги практицираат Владата на Република Македонија и Агенцијата за вработување од 2007 година наваму.-рече Поповски и се осврна и на другите мерки за вработување.
И кај кавадарчани интересот за овие мерки бил голем , потврди раководителот на Центарот за вработување во Кавадарци Благојчо Борисов. Како што кажа тој, од 2007 година досега на ваков начин се вработени околу 850 лица и сите работат и понатаму.