Со пловно возило полицијата ќе врши контроли на Тиквешко Езеро
Полицијата полесно ќе прибира докази при расветлување на кривични дела и ќе влијае на намалување на прекршоците кои особено во текот на летото се случуваат во викенд населбите на Тиквешкото Езеро.
Кавадаречката полиција за прв пат доби пловно возило, мини јахта која е опремена со најсовремена опрема за контролирање. Помошник командирот, Миле Трајков вели дека сега полициските службеници ќе бидат многу почесто на езерото.
„Често околу викен куќите, особено во деновите од викендот се случуваат кривични дела и прекршоци за кои подоцна истрагата и расветлувањето, поради обезбедување на докази траат подолго. На овој начин и со почести контоли многу полесно ќе биде да се спречат прекршоците“ рече Трајков.
Наскоро и официјално пловното возило ќе биде во функција.