Дечињата со посебни потреби ги подготвија подароците за своите мајки
Со многу љубов денеска децата со посебни потреби од Дневен центар Кавадарци ги изработуваа подароците за своите мајки по повод празникот 8 ми март.
Тие во креирањето на своите подароци добија помош од своите мајки, но и од младите членови на клубот на млади при Црвен Крст. Беа среќни што можат сами да учествуваат во изработката на подарокот, со кој ќе им го честитаат празникот на мајките.Цртаа, пишуваа пораки, секој во рамки на своите можности.
„ Целта е да се поттикне развојот и социјализацијата на овие дечиња. Денешната работилница е дел од проект на Црвен Крст Кавадарци, кој се реализира со подршка на Комерцијална банка. Секогаш добиваме подршка од оваа невладина хуманитарна организација. Сега ги обезбедија цвеќињата. Децата со своите мајки работеа на подготовка и на осмомартовски честитки. Соработката на тимот во Дневниот центар со родителите и институициите кои им помагаат на овие дечиња, секогаш е на завидно ниво. Родителите активно се вклучуваат и во други проекти, секогаш дават максимум за социјализација и поттикнување на креативноста на своите дечиња“ рече Весна Дубровска, предагог во Дневен центар за лица со посебни потреби Кавадарци.
Секретарот на кавадаречкиот Црвен Крст, Розе Илова најави дека и во иднина ќе се помагаат активностите на овие дечиња./A.Д