Полицијата им делеше подароци на жените возачи
Кавадаречката сообраќајна полиција денеска спроведе превентивна акција во која целна група беа припадничките од понежниот пол.
Во пресрет на нивниот празник 8 ми март се запираа возилата управувани од жените, не да се казнуваат туку полицијата да им го честита празникот. Им се делеа каранфили и флаери со едукативна содржина за безбедно учество во сообраќајот. Пораката беше убав помин за празникот но и без алкохол зад воланот.
Многу од дамите кои ги беа запрени, пријатно се изненадија , што и полицијата се сети да им го честита денот на жената.
„Точно е дека жените се најсигурно учесници во сообраќајот. Досега статстисиката покажува дека ниедна жена возач не е причинител на сообраќајна незгода. И во сите контроли кои ги вршиме не сме откриле жена да управува со возилото под дејство на алкохол“ рече инспекторот за превенција Димитар Каракулев.
Тој им упати честитки на жените возачи и апел, утре кога ќе празнуваат да не управуваат со своите возила, доколку пиеле алкохол./А.Д