Фатени дрвокрадци на Тиквешко Езеро
Кавадаречката полиција викендов приведе две лица поради сомневање дека сториле прекршоци од Законот за шуми и Законот за рибарство. По извршените контроли од нив се одземени метален чамец, 1,5 метри кубни дрва, моторна пила и други предмети.
Информацијата ја потврди портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковски и рече дека по целосно документирање на настанот ќе следат соодветни поднесоци против лицата Д.М и И.М.
Дознаваме дека двајцата се фатени во редовна конторла. Полицијата имала и претходно информации за прекршоиците кои ги прават на езерото. Интервенцијата на полицијата се обидело со отпор да ја попречи лицето И.М. но полициските службеници не се откажале во намерата и успешно според сите законски прописи постапиле против прекршителите.
Од полицијата велат дека и понатаму интензивно ќе се контролира Тиквешкото Езеро, се со цел да се спречат ваквите кражби и останатите прекршоци на законските прописи./A.Д