Слаб е извозот на македонско јагне и годинава!
Објавено на 19 март, 2014 во 15:02
Слаб е извозот на македонско јагне се пожалија од кавадаречката кланица „Серта компани“. Постот кај најголемите увозници, италијанците и грците, ги сметаат како главна причина за слабиот извоз.
„ За жал нема најави за извоз на големи количини македонско јагне на странските трпези. Можно е тој интерес да се зголеми подоцна и ние впрочем многу се надеваме на тоа, да се врати интересот на јагнето произведено во Македонија. Засега ги согледуваме состојбите на терен и се обидуваме да договориме што е можно повеќе извоз на нашето јагне“ рече сопственикот на кланицата, Ристо Михајлов.
Според него состојбите во сектрот во кој работат не биле најдобри./А.Д