Кавадарчани ќе добијат бесплатни канти за смет
Секое домаќинство во Кавадарци кое живее во куќа ќе добие типизирана пластична канта за смет. Кантите бесплатно ги донира ЈП Комуналец, се со цел да се подобри хигиената во градот, а да се исфрлат од употреба импровизираните садови во кои се собира сметот од домаќинствата. Ќе бидат поделени 5000 канти.
„Од денска почнува акцијата за донација на пластични канти од 120 литри, со што се отстрануваат контејнерите од 1 м3. Планирано е годинава да се донираат 5000 канти. Вредноста на проектот е 5,5 ,милиони денаир. “ рече директорот на ЈП Комуналец Илија Атанасов и нагласува дека оваа активност треба да заврши до крајот на оваа година или евентуално до почетокот на следната. Ќе бидат опфатени околу 7000 домаќинства.
Градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов ја поздрави оваа акција и нагласи дека се реалзира благодарение на домаќинското работење на комуналното претријатие.
„ Ова ни беше заедничко ветување со диркеторот на ЈП Комуналец. Не случајно нашето комунално претпријатие е најдобро во Македонија. Со советот донесовме одлука со која јавното претпријатие на сите граѓани во Кавадарци ќе им донира по една канта. Целта беше да ги типизираме и да ги исфрлиме од употреба оние импровизирани канти , остатоци од машини за перње кои и ги повредуваат граѓаните. Она што значи вишок од домаќинското работење на Комуналец да го вратиме повторно кај граѓните. Мислам дека ова е прв слуичај во Македонија. Ние и претходно на некои локации дониравме канти, одлучивме ова да важи за сите, да нема привилигирани.“ рече Панов./A.Д