Одрон затрупа погон и опрема во пиварата на „Кожувчанка“ во Мрежичко
Голем рид се свлече врз фабриката за производство на пиво на компанијата „Кожувчанка„ во селото Mрежичко. Штетите се огромни и ќе биде запрено производството на пиво во наредните дваесеттина дена. Денеска веднаш се започна со санирање на штетите. Глетката на лице место е стравична. Таа е последица на огормната количина земја која го проби ѕидот на фабриката и навлезе во производните погони на „Кожувчанка“. Има оштетување и на опремата.
„Штетата е огромна. И во изминатиот период имавме интервенирано на ова свлечиште, но лизгањето на земјата не престана. Досега имаме исчистено околу 2,5 илјади кубни метри земја и кал. Земја навлезе и во главните варилници. Се претпоставува дека внатре има над три илјади кубика земјен материјал. Веднаш почнавме со акција за санирање на штетите. Се мобилизравме и ние и градежните комапнии. Работната рака е од нас. Штета ќе мора сами да ја покриеме. Се надеваме дека за 15 дена нашето производство ќе продолжи“ рече комерцијалниот директор Лазар Којчев.
Тој нагласи дека комапнијата сама ќе ги сноси трошоците за санирање на свлечиштето и повторно ставање во функција на целата опрема која исто така е многу оштетена. Досегашната инвестиција на „Кожувчанка“ во овој производстверн комплекс изнесува 1,2 милиони евра.
Пивото од комапнијата „Кожувчанка“ од почетокот на овој месец е присутно во трговската мрежа во Кавадарци, Кочани и Штип. Како што информираше Којчев плановите на компанијата биле да се прошири производството, но сега откако ќе ги санираат штетите со кои се соочија поради денешната елементарна непогода.
„Првично произведената количина на пиво досега се надеваме дека ќе биде доволна за пазарот кај што веќе се прода. Има хаварија и на технологијата, по санирање на штетите ќе продолжиме со производството“, рече Којчев./А.Д