Изгоре домот на Александар Јованов од Глишиќ
За Александар Јовановски од населба Глишиќ неславно заврши најголемиот христијански празник.Целосно во пожар изгоре катот од куќата во кој тој живее сам. Според Јовановски пожарот избувнал утринава околу 6.30 часот или неколку минути откако тој заминал на работа. Причината вели најверојатно е старата инсталација.
Кавадаречката против пожарната единица реагирала многу брзо откако пожарот го пријавил клисарот во црквата која се наоѓа наспроти куќата на Александар Јованов. На помош веднаш дошле и соседите.
„Штетата е голема, а јас останав без покрив над глава“ со солзи во очите рече Јовановски.
На првиот кат од опожарената куќа живее братот на Александар со неговата фамилија. Среќа во несреќа е вели тој што пламенот не го зафатил и долниот дел од куќата, бидејќи тогаш трагедијата ќе беше поголема.
Во моментот кога пламените јазици се ширеле низ катот на чичкото неговата внука и баба и мајка на Александар сеуште спиеле.
Александар е благодарен на сите кој му помогнале денеска, но вели од тука понатаму неговата судбина е неизвесна. Низ солзи вели дека некое време ќе живее заедно со фамилијата на неговиот брат, но свесен дека тие си имаат свој живот , ќе бара спас за себе. За било каква помош тој им се обраќа на сите добронамерници и на локалните власти./A.Д