ФОТО: Кавадарчани излегоа на мирен протест пред полицијата
Објавено на 8 мај, 2015 во 20:03
И кавадарчани попладнево кажаа „не за полициската бруталност. Стотина граѓани спонтано се собраа пред полициската станица во Кавадарци и се приклучија на граѓаните во земјава од другите градови кои исто така протестираат.
Бараа оставки од министерката за внатрешни работи и од владата, а скандираа и „убијци“.
Протестот беше мирен. По триесетина минути откако го искажаа својот револт, од како што рекоа полициската бруталност, граѓаните се разотидоа./A.Д