Синдикатот на Фени очекува плата до петок
Првиот човек на синдикалната организација на Фени, Ѓорѓи Палитов е оптимист дека до петок ќе бидат исплатени заостанатите плати. На денешната прес конференција Палитов рече дека условите за стечај биле вештачки креирани од банките иако има сериозен инвеститор за компанијата.
„ Компанијата е во добра кондиција и спремна за производство. На светските Берзи цената на никелот расте и кога Беше обезбедена поевтина електрична енергија банките одлучија да покренат стечај дури и за побарувања кои не се достасани. Доколку има друг поповолен инвеститор за кој што Банките само шушкаат, нека го повикаат на рочиштето үтре во Велес и согласно законот со обезбедени гаранции нека го сопре овој процес низ законска постапка, ама таков нема“ рече Палитов.
Тој упати апел до УЈП, пред стечајниот управник и надлежниот суд во Велес да се одобри исплатата на заостанатите плати од повратот на ДДВ. Барање веќе било доставено./A.Д