За дополнителни субвенции лозарите можат да аплицираат уште денес
Заклучно со денеска лозарите можат да поднесуваат барања за субвенции за предадено грозје во домашните винарии. Дополнителни 2 денари за предадено грозје во визбите ќе добијат лозарите поради лошата година и значително намалениот род на грозје.
Исто така субвенции на производителите на грозје државата ќе им исплати и за одржување на насадите. Оваа финансиска подршка изнесува 40 илјади денари по хектар.
За дополнителните субвенции лозаруите во прилог на барањето треба да достават и потврда за предадените количини на винско грозје.
По 40.000 денари за хектар ќе добиваат оние производители со површина од 2 декари до 5 хектари.
24.000 денари за лозјата до 30 хектари, и 12.000 денари за површина до 50 хектари. За повеќе од 50 хектари субвенцијата изнесува 4.000 денари./A.Д