Фондацијата „Никола Јанчев“ доделува 46 стипендии
По 12 стипендии за ученици во основните и средни училишта и за 12 студенти доделува фондацијата „Никола Јанчев“. Веќе е објавен конкурсот за овие 46 стипендии.
Кандидатите треба да се државјани на Република Македонија, да се родени во Кавадарци. Учениците да имаат континуиран успех повисок од 3,5, да не повторувале ниту една година во текот на школувањето и да немаат намалено поведение..
Во конкурсот е пропишано кандидатите кои ќе конкурираат за стипендии да имаат освоено награди на општински, државни и меѓународни натпревари од областа на науката, техниката, културата и спортот.
Студентите пак, треба да достават потрврда за запишана година на факултет, да не се постари од 26 години и да имаат завршено најмалку дна година од студиите во високото образвание, како и претходните години да постигнале просечен успех од 8,00 и над.
Висината на стипендиите за учениците од прво до деветто одделеение е еднократно по шест илјади денари, за средношколците ќе се додели еднократна стипендија од 12 илјади денари, а за студентите по 32.000 денари. Од фондацијата за овој конкурс имаат планирано стпендии во вкупна сума 600.000 денари.
„Пријавата со потребните документи се доставуваат во затворено плико со назнака „за Стипендии од фондација Никола Јанчев за стипендирање на талентирани ученици и студенти“ ул. ”Шишка” бр.37 Кавадарци. Резултатите од конкрсот ќе бидат објавени 10 дена по завршување на конкрсот“ стои во него и можноста за аплицирање е до 6 јули годинава. /А.Д