Компанија „Кожувчанка“: Ново, ладно филтрирано пиво на пазарот !
LIFER Beer е ново, произведено по најнова и најсовремена технологија, пиво на компанијата Кожувчанка ДОО од Кавадарци. ЛАЈФЕР пивото е вистинско традиционално, непастеризирано пиво приготвено од најдобрите состојки со вештините на старите мајстори. Благодарение на своите традиционални процедури, LIFER пивото, од другите слични на него производи на пазарот, се издвојува по својата хармонија на исполнетост и горчина.
“Со новото Лајфер пиво целта ни е да им го доближиме на уживателите истото искуство, како она во лежната визба на нашата пиварница!”, вели г-ѓа Јанинка Чупаркоска, Генерален менаџер на Кожувчанка ДОО.
LIFER пиво се јавува како резултат на најновите достигнувања во индустријата за пиво на светско ниво, но и опсежни анализи на најновите трендови и барања и желби на консументите на пиво со се’ попрефинет вкус. Ова пиво се произведува по најнова технологија на ладна филтрација со што се избегнува процесот на пастеризација.