Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

kvonlajnsednica fin

27.05.2020

Родителите чии деца посетуваат градинка се ослободени од плаќање на надоместок за април и мај, вака денеска едногласно одлучи советот на општина Кавадарци. Одлуката беше донесена во рамки на 41-та седница која се одржа онлајн, поради здравствените протоколи.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, ја поздрави донесената одлука од советниците и посочи дека ќе биде од големо значење за семејствата.

Едногласно советот на денешната седница донесе и одлука за основање на јавна општинска установа, локален вински музеј за регионот Тиквеш, а беа назначен и членови на управниот одбор и на органот за внатрешна контрола. Средствата за основање на музејот и почеток со работа се обезбедени од основачот, општина Кавадарци во износ од 300.000,оо денари.

На седницата беа донесени и одлуки за примање донации во корист на општината, а едногласно, без дискусии беше усвоен и извештајот за работењето на ЈП Комуналец во изминатите три месеци. Беа донесени и измени на одлуката за зонско паркирање и за утврдување на тарифа на цени по зони за зонското паркирање и план за заштита и спасување на подрачјето на општина Кавадарци.

„Од 1 јуни се надеваме дека комуникацијата ќе биде полесна. Сакам да ве информирам дека активно се реализира комуналната изградба во општина Кавадарци и дека општината и ЈП Комуналец се во добра финансиска кондиција“ рече во своето обраќање до советниците, градоначалникот Јанчев./А.Д

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново