Пријавено семејно насилство во с. Возарци, ограбена и автобуската во Кавадарци
Објавено на 20 јануари, 2021 во 11:13
20.01.2021
Во ОВР – Кавадарци на ден 19.01.2021 год. околу 19.00 часот било пријавено дека во с. Возарци во семејната куќа, П.А.(70) бил физички нападнат од неговиот внук од син, Р. А.(22) со кого живеат во иста куќа. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На ден 18.01.2021 год. во 03.10 часoт, во полициската станица во Кавадарци, пак вработен во автобуската станица, пријавил дека е извршена тешка кражба во билетарата на автобуската станица, при што, се украдени пари од касата. Бил извршен увид на местото на настанот, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР – Велес.
Мите Јаначков