Има снег и на Михајлово
Објавено на 27 јануари, 2014 во 09:53
Одморалиштето Михајлово кое се наоѓа во срцето на Кожув широко ги отвори вратите и во текот на зимата за сите љубители на природата. Таму викендов се формираше снежна покривка со висина од 35-40 см.
Чистиот воздух, снегот и природата ви нудат идеална можност да побегнете од секојдневниот градски метеж и загаден воздух.
„Михајлово“ е отворено 24 часа. На располагање ви е комплетна угостителска услуга и луксузно опремени апартмани. Одморалиште се наоѓа на 40 километри од градот Кавадарци и е сместено на 1200 метри надморска висина.
До хотелот се стигнува од страната на Кавадарци, а патот е целосно безбеден и исчистен од снегот./A.Д