Кавадарчанецот, осомничен за убиството на Дејан Д од Ваташа, заработи притвор
Полицијата, попладнево на судијата во претходна постапка, поранешен истражен, му го предала триесет и едногодишниот М.Ј од Кавадарци. По распитот на осомничениот му е изречена мерка притвор во времетраење од 30 дена.
Вака започна расветлувањето на убиството на Дејан Д кое се случи лани, на 30 декември во Ваташа. Тогаш кавадарчанецот бил нападнат од М.Ј, кога се враќал од метадонска терапија, токму во влезот на зградата во која живеел. Подоцна во подрумот телото на претепаниот Дејан го пронашол неговиот брат. Тој повикал брза помош и се обидел да му помогне на брат му. Дејан бил префрлен во болницата во Кавадарци каде и покрај обидите на лекарите да му го спасат животот, момчето починало како последица на повредите што ги добило од ќотекот./Б.Н