Попладнево камбол кај Фаришка спирка, без жртви!
Сообракајна несреќа што се случи попладнево околу 15 и 30 часот на магистралниот пат Кавадарци – Прилеп, кај местото викано Фаришка спирка, еден час и петнаесет минути целосно го запре сообраќајот. За среќа нема жртви туку само двајца полесно повредени патници во карамболот што се случил помеѓу две комбиња, еден автомобил и едно товарно возило. Повредените патници се надвор од животна опасност.
До несреќата дошло кога првото комбе изгубило контрола и се превртело на патот. Во него успеал да не удри возачот на второто комбето што доаѓало од истиот правец. Возачот го избегнал бидејки кочел но не успеал да го продолжи патот и се превртел. Нареден бил автомобилот кој успеал да го избегне првото комбе и да закочи. На крајот бил камионот кој удрил во првото комбе и во автомобилот а автомобилот во второто комбе.
Била повикана брза помош која им пружила помош и ги пренела повредените патници во кавадаречката болница. Увидна екипа на полицијата направила увид. До 17 часот сообракајот бил во прекин а потоа еден час се одвивал по една коловозна лента.
Сега патот е прооден. Полицијата ќе треба да ги ги утврдува причините за несреќата./А.Д