Тиквешко езеро ќе биде дадено под концесија за стопански риболов
За шест години концесионерство минималниот износ што концесионерот на езерото ќе треба да и го плати на државата изнесува 1 милион и 175 илјади денари. Заинтересираните можат да достават понуда во министерството за земјоделство најдоцна до 17 март, годинава.
Станува збор за субјекти кои се регистрирани во областа рибарство. Тие имаат обврска да ја достават завршна сметка за состојбата на работењето, да имаат или остварено договор со стручна установа од областа на рибарството или во рамките на својот субјект да имаат вработен кадар со образование од областа на рибарството.
Обврзувачко е поседувањето на опрема, рибочувари, одржување на рибниот фонд и друго. Еден од критериумите за избор на концесионер за рекреативен риболов е вкупниот број членови на риболовните друштва, како и водењето грижа за одржување на рибниот фонд на одредено ниво.
Концесискиот надомест за рекреативниот риболов изнесува 10 проценти од наплатениот надоместок за вкупно издадените дозволи на годишно ниво.
Под концесија за рекреативен риболов ќе се даваат водите на шест акумулации и на повеќе сливови на реки во државата./A.Д