Одделението за превентива при Полицијската станица од општа надлежност Кавадарци во соработка со Општинскиот Совет против малоплетничко престапништво денеска започнаа со нова акција по опоштинските основни и средни училишта.

Пред училиштето „Димката Ангелов-Габерот“ во Ваташа се постави пешачки семафор. Ова е вториот ваков семафор што го поставува општина Кавадарци за поголема безбедност на пешаците, пред се на учениците. Улицата каде е поставен овој семафор е дел од регионален пат Кавадарци-Мушов Гроб-с.Мрежичко и се работи за мошне фрекфентна сообраќајница.

Oперативата на градежната фирма „Изолација“ од Скопје интензивно работи на подготовка за асвалтирање на оштетените места на улиците во Кавадарци.

„ Не знам кој е мотивот на овие партиски пресови на СДСМ, па цело време трн во око им е баш болницата во Кавадарци. Тие упорно кажуваат паушални и невистинити констатации   за само нив познати цели. Болницата во Кавадарци досега има покажано напредок во сите сегменти, па така до сега има остварени набавки на опрема и простор“  стои меѓу другото  во писмената реакција на директорот на ЈЗУ Општа болница Кавадарци, д-р Орце Ангеловски по вчерашната прес конференција на ОО на СДСМ .

Социјалдемократите од Кавадарци денеска на прес конференција во кругот на општа болница обвинија за хаос и катастрофална состојба во истата. Претседателот на О.О Кавадарци, Зоран Ѓорѓиев рече дека константната негрижата на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ за здравјето на граѓаните придонела  за катастрофалната состојба и во оваа болница.

Почна значително да се зголемува бројот на заболени од грип во Кавадарци и Росоман. Матичните лекари за минатата недела евидентирале  343 нови случаи на грип.

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

E baner