Кожувчанка со донација од 100.000 шишиња вода „Изворска“ и 22.000 лименки безалкохолен пијалок „Sinetta“, за потребите на вакциналните пунктови низ државата
Објавено на 10 мај, 2021 во 12:52
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/ok-2-1-1024x791.png)
Компанијата Кожувчанка, како општествено одговорна компанија донира 100.000 шишиња негазирана природна вода „Изворска“ и 22.000 лименки безалкохолен пијалок „Sinetta“. Донацијата е за сите регионални пунктови за вакцинација во државата.
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/ok-1-1024x791.png)
-Со тоа докажуваме дека сме одговорен поборник онаму каде што е најпотребно. Во последната година откако започна пандемијата, неизмерно поддржуваме голем број на клиники и Ковид центри. Тоа го правиме насекаде во нашата држава со негазираната природна вода „Изворска“.
И во овие тешки моменти нашата компанија несебично помага онаму каде што е потребно. Чест и задоволство ни е што и во овие моменти на вакцинација и имунизација го правиме истото. – се вели во изјавата од КОЖУВЧАНКА ДОО.
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)