Малолетник од Кавадарци физички ја нападнал неговата мајка
Објавено на 5 декември, 2023 во 11:24
Малолетник од Кавадарци во семејниот дом физички ја нападнал неговата триесет и четири годишна мајка, по што случајот бил пријавен во Одделение за внатрешни работи Кавадарци и полициски службеници го лишеле од слобода.
-За настанот е известен јавен обвинител и Центар за социјални работи Кавадарци. Малолетникот бил предаден на Центарот за социјални работи и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес.
Случајот во полиција бил пријавен вчера, на 4 декември во 20:30 часот.
Дума.мк