Маж се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна незгода во село Иванковци

Триесет и три годишниот Ѓ.Д се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна незгода којашто се случила вчера, во 17:50 часот, во село Иванковци на улица „Партизанска“. Поточно, сообраќајната незгода била помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки управуван од малолетник и мотоцикл којшто бил управуван од повредениот маж, двајцата од село Иванковци.
Ѓ.Д после 18:00 часот бил пренесен во Општа болница Велес кадешто бил прифатен во ургентна единица и му биле направени радиографски прегледи.
-Вчера попладне донесен e пациент од машки пол со повреди здобиени како последица на сообраќајна незгода. Прифатен е од медицинската екипа во ургентната единица и упатен на Оддел за радиодијаностика каде се направени радиографски прегледи на колено, подколеница и стопало, како и компјутерска томографија на лева нога. На пациентот му е направена сутура од страна на доктор трауматолог и по згрижување на повредите пуштен е на домашно лекување, соопшти Марина Андова портаролка на велешка болница.
Порпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска соопшти дека бил извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.
Стефани Манева
