Митреска Ангелевска: СДСМ сака да го запре процесот на развивање на општината и вработување на компетентни лица

Објавено на 15 март, 2022 во 16:54
Фото: Советничка група на ВМРО ДПМНЕ

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата соопшти дека нема да дозволи да се оцрни работата на Градоначалникот Марко Колев од страна на политичките ривали кои имале за цел да се додворуваат на граѓаните, да прибираат евтини поени и шират невистини, рече координаторката Елизабета Митреска Ангелеска.

-Неблагодарно е да се истакне дека Општината има проблем со високите сметки за струја а притоа да не се предочи дека Општината плаќа високи сметки поради лошото менџирање од предходната владеачка структура ,како и немање слух од страна на Владата на Република Македонија да и помогне на општината во решавање на истиот. Следствено на ова, Вие колеги од Социјал демократскиот сојуз ,сакате да го запрете процесот на развивање на општината и вработување на компетентни лица ,професионалци во својата област ,кои ќе помогнат да се убрза процесот на легализација на натрупаните предмети, додаде Митреска Ангелеска.

Координаторката за паралела на велешани им ги предочи податоците дека новопримените тројца општински административци за само еден месец изработиле 170 Решенија за легализација и 1800 Решенија за данок на имот.

-Притоа го збогатиле Буџетот на Општина Велес за еден милион денари.Воедно тројцата привремено вработени ,беа напуштени од предходната владеачка гарнитура ,за притоа да бидат вработени 60-тина несоодветни лица за потребите на Општината.Почитувани колеги од Социјал Демокиот Сојуз ,најпрво истражете ,аргументирајте ,потоа клеветете, додаде Митреска Ангелеска.

Прес конференцијата на советничката група на ВМРО ДПМНЕ во Совет на Општина Велес следеше откако нивните колеги од СДСМ го прозваа градоначалникот Колев за склучување на скандалозен Договор со Агенцијата за привремени вработувања „Партнер“ од Скопје со кој било предвидено Општина Велес во текот на 2022 година да потроши 3,5 милиони денари за привремени вработувања како и за недостаток на наставен кадар во основните и средните училишта во општина Велес, учениците губеле часови, како резултат на непотпишување на одобренија за вработување.  

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.