Младите велешани добија ново катче за авантуристички спорт – pump track (фото)

Објавено на 25 мај, 2022 во 11:58

Младите велешани дел од своето слободно време ќе можат да го користат за возење на велосипеди, ролери или скејтбордови на новата pump или скокачка патека којашто е отворена во градскиот стадион во Велес. Овој полигон за велосипеди или pump track е новото катче за авантуристички спорт и на сите љубители им овозможува да научат да возат велосипед, ролери или скејтборд без употреба на сила или пак да се рекреираат.

Градоначалникот Марко Колев на отворањето на овој полигон рече дека ова урбано катче му доликува на градот бидејќи Велес претставува урбана општина.

-Јас би посакал овој pump track да го чуваме за да го имаме. Полигонот за велосипеди ќе биде отворен за сите граѓани, нема да се наплаќа но би било добро истиот да биде оддржуван од некое здружение на граѓани, додаде Колев.

Овој полигон целосно е финансиран од страна на Општина Велес со сопствени финансиски средства од 3,9 милиони денари и се протега на 660 м2. На самиот влез на полигонот поставена е табла со правила коишто треба да се почитуваат при користење на истиот.

Велес е втор град во Македонија во којшто има pump track иако истиот е многу користен во градовите низ Европа.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.