Неготинци ќе ја подобруваат енергетската ефикасност!
Од парите на граѓаните, кои по основ на комунални и друг вид на такси се собираат во општинската каса, годинава 7 милиони денари ќе бидат пренасочени за локалниот економски развој.
Со нив ќе се подобрува енергетската ефикасност на локалните институции во Неготино.
Општината подготви план и програма за енергетска ефикасност во кои е испланирано трошењето на парите и нивната намена.
Во делот на подобрувањето на состојбите со енергетската ефикасност покрај парите од општинскиот буџет, општина Неготино, е вклучена и во реализацијата на проектот со општините од Вардарскиот плански регион.
Во градот ќе биде отворена канцеларија која ќе ги спроведува конкретните проекти за општините Велес, Кавадарци, Неготино, Чашка, Градско, Д.Капија, Росоман и Лозово.
Согласно новата директива на ЕУ, од 1 јануари 2014 година секоја држава, вклучувајќи ја и Македонија, ќе мора да обезбеди најмалку 3 отсто поголема енергетска ефикасност на годишно ниво, а до 2018 година треба да има имплементирано до 9 проценти./Б.Н.Т