Сепак поминуваат тешки возила кај Криволак!
Камиони иако не смеат, сепак поминуваат по мостот кај неготинското село Криволак, на делот од заобиколниот пат кој сега возачите го користат како алтернативен, откако стапи на сила забраната за движење по мостот на Вардар кај село Пепелиште.
Ваквата информација ја потврдија и од „Македонија пат“ од каде што велат дека иако е кажано тешките возила кои сакаат да одат кон Штип треба да го користат патот преку Велес сепак тие за да добијат на време го користат алтернативниот пат кој е наменет само за автомобили.
Од овде велат дека алтернативниот пат деновиве е доста фреквентен затоа што преку ден овде минуваат голем број на возила.Истиот е со должина од околу 8 километри од кои 4,5 км се асфалтирани додека за 3,5 километри станува збор за земјен пат.Во текот на денешниот ден екипа на Македонија пат интервенираше на крпење на ударните дупки со ладна маса на делот кој е покриен со асфалт за да се обезбедат подобри услови за движење на возилата кои минуваат овде.
Скоро две недели трае забраната за движење на возила на патот за Пепелиште заради оштетување на петтиот ред на столбови од мостот кој го поврзува Неготино со Штип./ Б.Н.Т