Заев го повика Груевски да го апси ако е огрешен по закон
Лидерот на опозиционата СДСМ, Зоран Заев, денеска од Неготино упати повик до Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, ако бил огрешен по закон веднаш да му поднеле кривични пријави и да го апсат.
„Се што е спроведено во општина Струмица е согласно законот, и апсолутно не не постои ниедна гршка. За сите овие работи водеа кампања и пред една година.Немаше да држат прес конференција луѓето од ВМРО-ДПМНЕ ако Заев е огрешен по закон. Се обидуваат да зборуваат за чест и морал моја и на моето семејство. Фирмата на Заеви вработува 800 луѓе. Се познати како најголеми донатори во регионот и пошироко во Македонија. Ако има нешто нечесно, нешто незаконски веднаш да поднесат кривични пријави и да ме апсат. Еве јас сум овде и да знаат дека ниту јас, ниту граѓаните повеќе не им се плашиме.“ рече Заев нагласувајќи дека уште помотивирана опозицијата ќе отвора, како што рече се што е криминал направен од власта.
„Груевски ќе мора да каже за сите фирми, бизниси и соработници кои помогнале Сашо Мијаков да створи 1 милијарда евра капитал.Ќе мора да одговорат за целиот огромен капитал и имот на сите соработници на власта. Кога тогаш ќе мора да дадат одговори на овие прашања. Тие се власт во државата и тие ќе одговорат за се што направиле во ова општество. Во Македонија е лелек и плач , да криза е но меѓу другото поради нивното владеење одземени се милијарди евра народни пари и заради тоа е оваа сиромаштија. Граѓаните живеат со огромни долгови, фирмите се на колена. Казната следува, крајот им се гледа“ рече Заев.
Претседателот на СДСМ ја критикуваше одлуката на локалната власт во Неготино за сите кои доаѓаат на панаѓур да наплаќаат за паркирање./A.Д