Пенков од протестот на ВМРО – ДПМНЕ во Неготино вечерва: Тој што го бриши минатото, ја бриши и иднината !

Објавено на 30 ноември, 2020 во 19:11

zlatko penkov

30.11.2020

Под мотото „СЕГА, ЗА ДА НЕ БИДЕ ПРЕДОЦНА – ОСТАВКА НА ЗАЕВ, СЛОБОДА НА НАРОДОТ„ во Неготино, вечерва се одржа граѓански протест кој беше во организација на ВМРО – ДПМНЕ, а по повод актуелните македонско – бугарски односи и случувања. Протестот започна од центарот на градот од каде десеттици возила тргнаа во протестно возење, при што продефилираа низ целиот град, а завршна точка им беше општинската зграда каде свои обраќања до присутните имаа претседателот на ОK на ВМРО – ДПМНЕ Неготино и пратеник Златко Пенков, како и пензионираниот професор по историја Блаже Лазовски.

vozila

Пенков своето обраќање го започна упатувајќи апел до секој еден сограѓанин да се приклучи во натпартиската борба и да застане на последниот бедем за одбрана на македонскиот идентитет и македонските црвени линии, истакнувајќи дека нема друга алтернатива, освен исцрпувачка борба, до конечна победа. 

Тој на овој протест постави неколку прашања до централната, но и до локалната власт.

„Против кого се бореле и од кој биле убиени Ило Виларов-Сокол, Никола Петров, Блажо Јанушев, Тодораќо Гечев Пекарев, Душан Ѓорѓиев-Малашев, Пано Калајџиев, Цандо Донев, Александар Ристов, Манчо Малиминов?!  Дали оној епитаф на Спомен-костурницата „Се боревте како титани, паднавте како херои, во мракот бевте светлина, во слободата сте сонце“, се однесува на Неготинските херои кои биле брутално погубувани од администрација?!“, запраша Пенков.

Локалната власт во Неготино која е предводена од СДСМ, Пенков ја повика да се одважи и да одговори: „Дали ќе застане на страната на народот или пак ќе избере да биде соучесник во најголемото велепредавство на својот народ и држава, слепо следејќи го својот лидер ?“

Исто така, тој истакна дека: „Тој што го бриши минатото, ја бриши и иднината. Тој што не се почитува самиот себе, не може да очекува останатите да го почитуваат.“  

Од говорницата до насобраните граѓани се обрати и историчарот и пензиониран професор по историја Блаже Лазовски. Тој се осврна на повеќе историски факти за ослободувањето и градењето на македонската држава во кои процеси учествувал исклучиво македонскиот, а не бугарскиот народ. Професорот Лазовски истакна дека за време на НОБ, само од тиквешко загинале повеќе од 150 македонци во борбите со силите на оската во чиј склоп делувала и бугарската фашистичка војска. Историчарот Лазовски побара извинување од официјална Софија, наместо негирање на историјата, како и враќање на украдените предмети од страна на Бугарија како златната маска од Требеништа, повеќе реликвии, епископските и архиепископската круна, предмети кои се дел од македонската култура.

На крајот од протестот, пратеникот и претседател на ОК ВМРО – ДПМНЕ Неготино Златко Пенков пред присутните граѓани порача дека: „Македонецот е буден и ќе ја одбрани својата единствена татковина Република Македонија“.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.