Известување: Водата во Неготино не е чиста за пиење!
Објавено на 11 јануари, 2021 во 09:40
11.01.2021
Со оглед на обилните и интензивни дождови, кои под влијание на влажен циклон ја зафатија целата држава од ЈП „Комуналец″ Неготино ги известуваат граѓаните на Општина Неготино, дека во изворишниот дел на регионалниот водовод „Лукар“ се јавило заматување на водата.
Поради оваа причина од претпријатието апелираат до граѓаните да не ја користат водата за пиење или пак истата да ја превриваат се до стабилизирање на состојбата.
Мите Јаначков