(обновено) Две лица се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајната незгода кај Манастирец
Педесет и три годишниот Д.К од Росоман и дваесет и едно годишниот С.П од Росоман се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајната незгода што утрово во 06:40 часот се случила на регионалниот пат Кавадарци – Росоман во близина на село Манастирец.
Како што соопшти портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко возило „фиат пунто“ со неготински регистарски ознаки а управувано од Д.К и патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки коешто го управувал 23 годишниот И.Д од Росоман.
Во незгодата 21 годишниот С.П кој се здобил со тешки телесни повреди бил сопатник на 23 годишниот И.Д на кој во болницата во Кавадарци му се констатирани телесни повреди.
Од СВР Велес додадоа дека увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.
Стефани Манева