Од река Вардар изваден велешанец
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2023/05/Untitled-design-2023-05-02T104100.754.png)
Од водите на река Вардар вчера, доцна попладне, околу 19:00 часот изваден бил велешанецот четириесет и две годишнит М.Д. Него најверојатно го извадиле граѓани кои потоа во два наврати барале помош од Итна медицинска помош и случајот го пријавиле во СВР Велес.
Четириесет и две годишниот маж бил изваден од Вардар во близина на „Јаниташ“ . По преглед на лекарите од Брза помош тој бил пренесен во Општа болница Велес и згрижен на хирушкото одделение.
-Неговата здравствена состојба е стабилизирана откако вчера, тој бил примен на Интензивна нега на Хирушко одделение. Примен во премрзната состојба. Денеска е со стабилни витални параметри и контактибилен, рече д-р Елена Левкова Ќулумова.
Тој ќе остане на болничко лекување и во наредните денови.
Стефани Манева
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)