Отворен градскиот базен „Лидо 2023“ во Велес (фото и видео)
Концесионерите на градски базен Влатко Ончевски и Стојанче Илиевски, инаку сопственици на фирмата „Градски базен Велес 2023“, свечено го отворија базенот „Лидо 2023“ во Велес. По честитките што си ги упатија меѓусебно ги пречекаа и првите гости на свеченоста што цело претпладне се одржуваше на платото околу базенот.
Исто така, базенот ги доби и првите капачи. Неколкумина велешани веќе се капеа во водата на градскиот базен додека останатите уживаа во сепарињата и го испија првото кафе.
Вечерва е главниот настан со кој ќе се одбележи официјалното работење на базенот во претстојната летна сезона. Поточно, српската поп група „Амадеус Бенд“ ќе ги забавува велешани со концерт во живо кој ќе започне во 22:00 часот.Инаку градскиот базен вратите за посетителите ќе ги отвори во 20:00 часот.
Поконкретно за очекувањата на менаџерскиот тим поврзани со работата на базенот и планираните активности од разговорот со Анка Димов, исто така, дел од фирмата, концерсионер на градски базен во Велес.
Стефани Манева
фото: