Почина не вакцинирана жена позитивна на ковид-19
Објавено на 19 август, 2021 во 14:15
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/08/bolnica-fin-so-logo.jpg)
После три дневно лекување на Инфективно одделение во велешката болница, почина осумдесет и три годишна жена од Свети Николе, позитивна на коронавирусот но не вакцинирана.
Портпаролката на Општа болница Велес, Д-р Елеонора Јованова, информира дека во моментов на Инфективно одделение хоспитализирани се вкупно 13 ковид пациенти. Од нив 11 се потврдени позитивни, двајца се непотврдени и осум пациенти се на кислородна поддршка.
Стефани Манева
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)