Почина велешанец од ковид 19 во велешка болница
Објавено на 16 мај, 2021 во 16:10
Починатиот е маж на 63 годишна возраст е од Велес кој бил позитивен на Ковид 19 и лекуван тринаесет дена на Инфективно одделение во ЈЗУ Општа болница Велес.
На болничко лекување денеска во споредба со вчера има помалку тројца ковид болни. Не се намалуваат пациентите на кислородна поддршка. И понатаму две третини од вкупно хоспитализирани 34 пациенти се на кислород. Од нив 21 се потврдено позитивни, четири сомнителни и девест пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.
Најголем број или 16 пациенти се лекуваат на Инфективно одделение, 14 во Модуларна болница и четири на Интерно одделение.
Од болничко лекување денеска испишан е еден пациент, како оздравени со еден негативен тест.
Убавка Јаневска