Полицијата осомничи двајца поткупувачи што дале пари на вработена во Општина Кавадарци

Одделението за внатрешни работи Кавадарци, денеска, поднесе кривична пријава против Б.С.(34) и Ј.С.(60), двајцата од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека извршиле кривично дело „давање поткуп‘‘. Ова кривично дело е казниво по член 358 став 1 од Кривичниот законик.
Двете лица кривичното дело го сториле минатата година на 29 декември, околу 09.30 часот, кога во Општина Кавадарци, на вработена во Одделението за урбанизам и дале поткуп во износ од 500 евра со цел да не изврши надзор врз градежни работи.
Полицијата има докази дека поткупот бил даден преку пет апоени од по 100 евра што вработената ги земала од поткупувачите и ги пријавила во полиција.
Се очекува од обвинителството да се изјасни дали ќе ја прифати кривичната пријава и ќе подигне ли обвинение против учесниците во ова кривично дело.
Стефани Манева
