Повторно казни за не пропуштање на пешаци на територија на СВР Велес
Објавено на 13 април, 2022 во 13:03
На подрачјето на Сектор за внатрешни работи Велес во текот на вчерашниот ден, била спроведена пет часовна акциска контрола за санкционирање на возачи коишто не даваат првенство на минување на пешаци на пешачки премин.
-За време на акциската контрола, од 13:00 до 18:00 часот, биле констатирани и санкционирани осум прекршоци од кои пет во Велес и три во Неготино, пишува во соопштението на МВР.
Стефани Манева