Приведени двајца дилери од Кавадарци и кавадаречко за издржување затворски казни од 24 и 18 месеци

Објавено: 21 јануари, 2026, во 12:51 часот
Фото: Архива на Дума.мк

Дилерите О.Н од Кавадарци и А.К од село Ваташа, кавадаречко ги привеле полициски службеници на Одделение за внатрешни работи во Кавадарци.

-Утрово во 07:30 часот приведен е О.Н.(29) од Кавадарци. Тој бил баран врз основа на наредба од Основен суд Кавадарци за издржување казна затвор во траење од една година и шест месеци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Казнено – поправна установа Затвор Гевгелија за издржување на казната, соопшти Министерство за внатрешни работи.

Второто приведување се случило вчера вечер во 20:30 часот.

Приведен е А.К.(41) од село Ваташа, кавадаречко. Тој бил баран врз основа на наредба од Основен суд Кавадарци за издржување казна затвор во траење од две години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Казнено – поправна установа Затвор Идризово за издржување на казната, додаваат од Министерство за внатрешни работи.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.