Приведени двајца велешани, краделе по куќи

Објавено на 2 февруари, 2023 во 10:00
Фото: Дума.мк

Дваесет и три годишниот К.И и шеесет и девет годишниот И.Б од Велес, вчера, 1 февруари, биле лишени од слобода од страна на полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес. Тие се сомничат дека од двор и тераса на две куќи на улица „Јовче Тикварски“ во Велес, одзеле повеќе предмети.

Од СВР Велес информираат дека украдените предмети се пронајдени и вратени на сопствениците, додека двајцата велешани се задржани во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.