Приведени двајца Велешани за оштетен „јагуар“ и физички напад
Објавено на 14 јануари, 2024 во 12:38
Пред ноќен клуб во Велес, рано утринава, во 05:00 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода П.Ј.(38) и Д.Н.(28) од Велес откако ги пријавил О.Б.(22) од Велес.
Според пријавата на О.Б, лишените од слобода двајца Велешани, во близина на ноќниот му го оштетиле патничкото возило марка „јагуар“ и П.Ј. физички го нападнал пријавителот како и уште едно лице.
– Лицата се задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Дума.мк